Search

Пендаровски: Законот за јазиците нема никому да му наштети

Различни ставови во однос на Законот за јазиците изразија вечерва тројцата учесници во претседателската трка во четвртата ТВ дебата, која се емитува на Алсат.

Заедничкот кандидат за претседател Стево Пендаровски, како што рече, е конзистентен по тоа прашање, тој закон нема никому да наштети, туку е донесен за унапредување на правата на етничките заедници.

-Станува збор за максимална екстензија во однос на т.н. јазични права на етничките Албанци. Кога давате повеќе права на една етничка заедница, а не земате од друга нема опасност од распаѓање на државата, туку на тој начин се зајакнува кохезијата и секој што и мисли добро на Република Северна Македонија би морал да води сметка за таков тип на закони, рече Пендаровски.

 

Треба да знаете
Последни објави