Search

Пендаровски: Заедно напред за сигурна идина во НАТО и ЕУ, за инвестиции и повеќе пари кај граѓаните

Заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, денеска на трибина во Кичево, рече дека градот е пример за заедништво и сплотеност во различностите и ги повика граѓаните од сите етнички заедници да го искористат својот глас и да изберат напредок за сигурна идина во НАТО и ЕУ.

Пендаровски посочи дека тука многу добро знаат што значи заединштво, соживот и како тоа се одрзува на напредокот.

Затоа, како што рече, мнозинството ќе гласа за опцијата која ја носи Северна Македонија напред, а не како другата опција која сака да не врати назад во темното минато.

– Изминува последната недела, пред одлуката на изборите. Нашиот глас одлучува, дали Северна Македонија ќе оди напред кон сигурна иднина во НАТО и ЕУ или ќе се врати назад.  Дали ќе се определиме за опцијата која носи подобар живот, нови инвестиции, нови работни места, перспективи за младите. Вие знаете дека еден од најголемите проблем е  иселувањето на младите. Со поканата за НАТО и  ЕУ, стотици милиони евра, ќе бидат достапни и отворат нови перспективи младите  овде да живеат, да се вработат, нашите деца и внуци да се тука покрај нас, рече Пендаровски.

Пендаровски повика граѓаните од сите етнички заедници да го искористат својот глас, и да донесат одлука, во интерес на иднината на државата, сигурноста и стабилноста, да изберат напредок.

– За засилен економски раст, посилен развој на земјоделство и пристоен живот, да продолжиме заедно напред, рече Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави