Search

Пендаровски го предложи Спасов за негов претставник во Националниот совет за евроинтеграции

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции.

Воедно, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.

Треба да знаете
Последни објави