Search

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ирска, Брендан Вард

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Брендан Вард, новоименуваниот амбасадор на Република Ирска во Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма го искажа задоволството од високоразвиените билатерални односи помеѓу двете пријателски држави, коишто ги карактеризира интензивен политички дијалог и партнерски односи и изрази надеж за продлабочување на соработката, особено на економскиот план. Претседателот рече дека иднината на Северна Македонија и на регионот на Западен Балкан ја гледаме низ призмата на Европската Унија и изрази огромна благодарност за големата поддршка на евроинтегративниот процес, потенцирајќи дека Ирска е наш силен и важен партнер на нашиот пат кон членството во ЕУ.

Амбасадорот Брендан Вард во своето обраќање посочи дека иако двете земји се на спротивните краеви на Европа, заедничките вредности и заедничката посветеност на европскиот идеал значат дека двете земји имаат многу заедничко. Тој рече дека со нетрпение ја очекува блиската соработка со нашата земја, со цел унапредување на нашите билатерални односи во насока на поддршка на аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот  Вард му посака успешно извршување на одговорната функција и изрази уверување дека во вршењето на неговите дипломатски должности ќе ја ужива нашата целосна соработка и помош.

Треба да знаете
Последни објави