Search

Пендаровски во Демир Капија: Заедно напред кон Европа, за подобра иднина, развиено земјоделство и обезбеден пласман

Како претседател на државата се обврзувам дека неуморно ќе работам на довршувањето на процесот на нашето зачленување во НАТО и ќе бидам предводник на реформските процеси што ќе доведат до скоро членство на нашата држава во Европската Унија, порача од Демир Капија заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Тој додаде дека напредокот кон ЕУ отвроа можности за искористување на фонодивите за развиено земјоделство и, што е поважно, конкурентност на нашите земјодески производи на пазар од 500 милиони жители.

„Ги поддржувам политиките на Владата и на Парламентот што носат перспективи за земјоделците,  нови и добро платени работни места, нови директни домашни и странски инвестиции, социјална сигурност, грижа за ранливите групи во нашето општество и севкупен економски и социјален развој. Границите на Република Северна Македоија сега се гарантирани од светските сили, тоа е најголемиот дострел. На иста маса седиме  со најмоќните држави и ја прашуваат Северна Македонија што мисли. Сега е време да продолжиме напред, за да се посветиме на темите за подобар живот“, рече Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави