Search

Пендаровски во Битола: Со гласање за број 3 велиме НЕ за враќање на Груевски и фамилијата на власт

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се обрати на граѓанската трибина во Битола и истакна три важни причини поради кои граѓаните треба да го заокружат бројот 3 на вториот круг од изборите во недела.

„Благодарам за бројата на гласови но голема работа ни претстои на 5-ти зошто таа бројка мора да биде дуплирана. Првата работа која е многу важна со гласање за бр. 3 не гласате за Пендаровкси, туку за целата политичка структура која ни дава поддршка, за договорот со Грција, затворање на Рамковниот договор, слога внатре интеграции надвор тоа е единствен рецепт со гласање на оваа опција да ја позиционираме Македонија таму каде што и е местото. Наскоро влез во НАТО и преговори за ЕУ, давате карта за пат во Европа што речиси 30 години ни една политичка гарнитура ја нема направено.

Второ со гласање за број 3 велиме дефинитивно не за враќањето на Груевски и фамилијата на власт, единствен начин да се осигураме дека таа фамилија која нанесе толку зла и црнила во тие 11 години од дивеење, а не владеење е да гласаме за број 3. Секоја друга варијанта го враќа режимот на власт.

Трето многу важно со гласање за број 3 оваа држава конечно ќе добие претседател од кој нема да се срамите. Знаете дека долги години во оваа земја практично имаме човек на чело кој беше инсталиран од фамилијата кој збор не кажуваше за нив особено кон они кои не мислеа како нив, работеше против интересите на своите граѓани и држава и ги опструираше сите добри потези на оваа влада“, рече Пендаровски.

 

Треба да знаете
Последни објави