Search

Пелоси и Шумер: Ќе се бориме против вонредната состојба на Трамп

Демократите во американскиот Конгрес најавија дека ќе го искористат секој правен лек кој им е достапен за да се спротивстават на вонредната состојба што ја прогласи претседателот на САД, Доналд Трамп, а која сака да ја искористи за да префрли милијарда долари за изградбата на ѕидот по должина на границата со Мексико.

Претседавачот со претставничкиот дом во американскиот конгрес, Ненси Пелоси, и лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, изјавија дека ќе преземат акција во судовите, Конгресот и јавноста, пренесе АП.

Тие велат дека одлуката на Трамп да прогласи вонредна состојба е незаконска и дека тој ќе го уништи уставот со узурпирање на ингеренциите на Конгресот поради контрола врз буџетската потрошувачка.

Демократите можат да поднесат тужба и да го блокираат трансферот на пари на Трамп, а претседателот би можел да стави вето на нивните одлуки.

Трамп изјави дека очекува правни предизвици по повод одлуката за вонредната состојба.

Тој денеска прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да ги искористи вонредните овластувања за да ја заштити нацијата од дилерите на дрога и илегалната миграција.

Треба да знаете
Последни објави