Search

Пелистер гази се по ред на домашната кошаркарска сцена

Кошаркарите на Пелистер остануваат единствениот тим без пораз во Првата лига, откако вечерва, во салата „Боро Чурлевски“, го совладаа Работнички (88-84) за осми триумф во осмиот меч сезонава. Иако резултатот е тесен,  „зелено-белите“ без проблеми стигнаа до триумфот. Постојано беа во водство и рутински го приведоа мечот до победнички крај. Гостите од Скопје парираа само во првата четвртина, во која за нијанса беа подобри битолчани (27-25), кои во вториот период дојдоа до двоцифрена предност, која потоа им гарантираше мирен финиш. Никола Малешевиќ со 15 поени беше најефикасен кај домаќинот, додека во таборот на Работнички, Џексон Пол заврши со 28 поени.

Резултати од 8 коло: Пелистер – Работнички  88:84, Навико Академија ФМП – Ангели 83:70, Еуро Никел – Куманово  87:69, Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка  104:92, МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 78:75, Феникс – ТФТ 90:85.

Табела: Пелистер 8-0, МЗТ Скопје 7-1, Гостивар 5-3, ТФТ 5-3, Работнички 5-3, Академија ФМП 5-3, Феникс 4-4, Кожув 4-4, Еуро Никел 3-7, Куманово 1-7, МЗТ Скопје УНИ Банка 1-7, Ангели 0-8.

Треба да знаете
Последни објави