Search

Пелистер бара да игра во Првата фудбалска лига

Во очекување на одлука на Фудбалската федерација на Македонија за начинот на завршување на годинешната фудбалска сезона, ФК  Пелистер, есенскиот првак во Втората лига – Запад, со соопштение до ФФМ и спортската јавност, побара клубот на есен да биде прволигаш.

Од ФК „Пелистер” посочуваат дека во интерес на почнати проекти, а како обврска кон симпатизерите, ја информираат јавноста дека ФК Пелистер, во годината во која што слави 75-годишнината од своето постоење, има една единствена долгорочна цел – промоција во Првата лига и значајно место во македонскиот клупски фудбал.

– Со оглед на ново настаната ситуација, сакаме да потенцираме дека здравјето на нашите граѓани мора да остане на прво место и дури потоа може да се размислува за спортскиот и натпреварувачки дел. Нашата порака е да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за поголема група од македонски прволигаши и второлигаши за завршување на оваа и пополнување на местата за следната сезона, соопштија од ФК Пелистер-Битола.

Треба да знаете
Последни објави