Search

Пеле за Марадона напиша: Ти беше гениј кој го воодушеви светот

Легендата на светскиот фудбал, Бразилецот Пеле со отворено писмо се огласи по повод смрта на аргентинскиот фудбалски великан Диего Марадона, кој на 25 ноември почина од срцев удар.

Пеле и Марадона важена како големи ривали за титулата  кој е најдобриот фудбалер во историјата на најважната споредна работа на светот.

-Ти замина. Многу луѓе направија споредби меѓу нас. Ти беше гениј, кој го воодушеви светот. Магионичар со топката. Вистинска легенда. Но, за мене засекогаш ќе бидеш голем пријател, со огромно срце. Знам дека светот би бил многу подобар ако луѓето престанат да споредуваат и почнат да ни се восхитуваат уште повеќе. Сакам да кажам – ти не можеш со никого да се споредиш. Твоето предвремето заминување ме спречи да ти кажам, но сега ќе ти пишам: Те сакам, Диего. Мој мил пријателе, ти благодарам, напиша Пеле.

Треба да знаете
Последни објави