Search

Пеле е депресивен по операцијата на колкот и не сака да излегува од дома

Фудбалската легенда, Бразилецот Едсон Арантес до Насименто – Пеле (79 г.) поради здравствена состојба во коа се наоѓа по опрецијата на колкот не сака да излегува од дома. Пеле не може да оди без помош на количка или патерици, тој се срами од таквата негова состојба и одбива да излезе од својот дом.

-Се срами, не сака да излезе, не сака да биде виден, практично не сака да направи било што кое вклучува напуштање на куќата. Му беше заменет колкот, но немаше идеална рехабилитација, па мобилноста му е проблем а тоа го прави да биде депресивен. Замислете, тој е „кралот на фудбалот“, секогаш бил влијателен, а сега не може да оди без помагала –  вели Едињо за ТВ Глобо.

Летово Бразил ќе прослави јубилеј – 50 година освојувањето на трета титула за Пеле како Светски шампион кој ја предводеше незапирливата генерација на мундијалот во Мексико во 1970 година, за која фудбалските аналитичари сметаат дека е најдобрата на сите времиња.

Треба да знаете
Последни објави