Search

Пелегрини останува премиер на Словачка

Пeтер Пелегрини ќе остане премиер на Словачка бидејќи опозицијата не успеа да собере доволно гласови за негово отповикување во парламентот, по притисокот врз владата поради случајот со убиениот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница, според ТАСР.

Опозиционите партии сакаа да го отстранат Пелегрини затоа што тој не предложи да ја разреши Моника Јанковска од местото државен секретар на Министерството за правда, бидејќи се појавија информации за нејзината наводна комуникација со претприемачот Маријан К., кој е обвинет за нарачување на убиството на новинарот Јан Куцијак.

Минатогодишното убиство на истражувачкиот новинар Јан Куцијак, кој откри случаи на измама во кои се вклучени политичари, и неговата свршеница Мартина Куснирова ги предизвика најголемите протести од падот на комунизмот во 1989 година во Словачка.

Треба да знаете
Последни објави