Search

Пеколен план на брачен пар: Жива ја закопале својата снаа, а пред тоа ја натерале да направи една работа…

Постар брачен пар е уапсен откако наводно својата снаа ја закопале жива за нивниот син да може да добие старателство над нивните деца.

Телото на несреќната 41-годишна Марси Мартинс Миранда било пронајдено во напуштена куќа во Сао Пауло. Куќата во која што било пронајдено телото била изнајмена од мајката и таткото на нејзиниот сопруг, 62-годишниот Фернандо Антонио Мартинс Де Оливера и 60-годишната Марија Изилда Переира Миранда.

Марси работела како социјална работничка, а исчезнала пред околу еден месец, пренесува британски медиум.

Истражителите откриле дека брачниот пар ја натерал својата снаа да отвори банкарска сметка за своите деца, а потоа ја однеле до изнајмената куќа каде што ја закопале жива. Од полицијата откриле дека ја наговориле да влезе во автомобилот, затоа што ѝ рекле дека одат да видат една куќа.

„Кога влегле во куќата, ја нападнале и ја удриле по главата, а потоа жива ја закопале“, открил инспекторот кој што ја води истрагата за бразилските медиуми.

Телото било пронајдено во пластична вреќа, а откриено било дека осомничените ја изнајмиле куќата 12 дена пред Марсија да исчезне.

Наводно тие одлучиле да ја убијат својата снаа откако таа решила да се разведе од својот сопруг и да ги земе децата, 4-годишно момче и ќерка стара само девет месеци.

Треба да знаете
Последни објави