Search

Пекинг најави санкции за американските производители на оружје поради договорот со Тајван

Кина најави дека ќе воведе санкции против најголемите американски производители на оружје поради масовната продажба на нивните производи на Тајван. Пентагон го одобри договорот минатата недела, со што го разбесни Пекинг, пренесува РТ.

САД планираат да испорачаат три вооружени системи во вредност од околу 1,8 милијарди долари на Тајван. Тие вклучуваат ракетни фрлачи на камиони произведени од „Локид Мартин, ракети од голем дострел воздух-земја „Боинг АГМ-84Х“ и надворешни подни сензори за авиони Ф-16, кои се произведени од подружница на „Рејтеон технолоџис“, според официјалните известувања добиени од Конгресот на САД.

„Трите американски гиганти за одбрана ќе бидат санкционирани од кинеската влада ако договорот се реализира,“ рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на прес-конференција денеска.

Кина се спротивставува на каква било продажба на оружје на Тајван, за кој смета дека е под нејзин суверенитет, велејќи дека овие достави го дестабилизираат регионалниот баланс на силите.

Додека ги зголемува тензиите со Кина, администрацијата на Трамп ја интензивира дипломатската и трговска соработка со Тајван, испраќајќи високи функционери да го посетат островот и да нудат профитабилни договори за трговија.

Треба да знаете
Последни објави