Search

Педро за Азар: Не знам дали ќе остане во Челзи

Крилото на Челзи, Педро зборуваше за иднината на неговиот соиграч Еден Азар. Во последниве денови, шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид ќе го објави договорот со Азар на почетокот на мај.

– Азар е добро во Челзи. Мислам дека е целосно посветен на тимот, но не знам дали ќе продолжи. Но дефинитивно дава сè за тимот и ужива во престојот тука. Тој е нашиот најважен играч. Сакам да ја освоиме Лига Европа, како и да завршиме во Топ 4 во Премиер лигата, изјави Шпанецот.

Челзи ќе игра во полуфиналето на Лигата на Европа против германски Ајнтрахт Франкфурт, откако во четвртфиналето на турнирот го отстрани чешкиот тим Славија Прага.

Треба да знаете
Последни објави