Search

Педесет фудбалски натпревари, дел за бодови, дел пријателски

Педесетина фудбалски натпревари е денешната понуда на спортски план ширум светот. Во Белорусија, и покрај пандемијата со новиот коронавирус и 94. заболени лица во земјата, се закажани средби од второто коло во националниот шампионат.

Центар на внимание е градското дерби меѓу Минск и Динамо од 15 часот, а за текот на денот ќе се одиграат и дуелите Слутск – Брест, Славија Мозир – БАТЕ Борисов  и Городеја – Шахтјор Солигорск.

Покрај првенствените мечеви во Белорусија, денеска се играат и голем број пријателски дуели во Шведска, во Финска, во Естонија, но и во Јапонија.

Треба да знаете
Последни објави