Search

Педесет години карате во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров заедно со карате клубот “Ѓорче Петров” утре во 13 часот во ресторан “Тројка” организираат настан по повод 50 години карате во општината.

Присустните ќе имаат можност да се потсетат на историјата и хронологијата на успеси. Карате клубот “Мирче Ацев” е прв регистриран клуб со издадена прва книшка на натпреварувач од страна на Македонската карате федерација. Општина Ѓорче Петров во континуитет се залага повторно да го издигне спортот со постојана поддршка на спортистите и клубовите, меѓу кои и карате клубот “Ѓорче Петров”, некогашен “Мирче Ацев”. На настанот ќе бидат доделени признанија, благодарници и плакети.

Треба да знаете
Последни објави