Search

Педесетина жени верувале дека добиле дете од анонимен донор, вистината ги шокирала

ДНК тестовите ги потврдиле сомнежите дека холандски доктор од клиника за неплодност ја користел сопствената сперма за да оплодува жени, без нивна согласност. Тој станал татко на 49 деца, соопшти вчера организацијата „Одбрана на децата“.

Докторот, кој починал во 2017 година, со години им тврдел на пациентите во својата клиника во градот Барендрехт, дека користи сперма од анонимни донатори.

Неговата вдовица долго одбивала да се искористи неговата ДНК како доказ, но сега 49 деца тужители конечно успеале да ги докажат своите сомневања.

Треба да знаете
Последни објави