Search

„Пајакот” собра 21 автомобил пред „Сити мол“ за „Блек Фрајдеј“

Поради големата гужва во ТЦ „Сити Мол“ за време на шопингот за „Блек Фрајдеј“ многу гражани останаа без место за паркирање, па паркираа по околните улици. Затоа „пајакот“ собрал 26 возила непописно паркирани.

-Вчера од 19 до 23 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај преземени се мерки за непрописно паркирани моторни возила на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје со цел  овозможување нормално одвивање на сообраќајот, информира МВР.

Подигнати се 21 моторно возило со специјално возило ,,пајак“, врачени се 26 мандатни платни налози и тоа: седум платни налози за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар, зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.

Треба да знаете
Последни објави