Search

Паѓа популарноста на Францускиот претседател Емануел Макрон

Популарноста на претседателот на Франција, Емануел Макрон се намали за два процента за само еден месец, од ноември до декември, според анкетата на Ифоп објавена за весникот Ле Журнал ди Диманш, само 23% од испитаните изјавиле дека се задоволни од него, јавува дописникот на МИА.

Процентот на испитаници кои велат дека се „задоволни” со Емануел Макрон паѓа од 25 на 23%, додека оние на „незадоволните” се зголемува од 73 на 76%.

Во детали, процентот на испитаници кои велат дека „многу задоволен” останува стабилен на 4%, а „прилично задоволен” се намали од 21 на 19%.

Меѓу „незадоволните”, и „повеќе незадоволни” се помалобројни отколку во ноември (31% наспроти 34%), но од друга страна „многу незадоволните” претставуваат 45% од испитаниците наспроти  39% минатиот месец.

За споредба со претходниците на Емануел Макрон, Франсоа Оланд, по 20 месеци поминати на претседателската функција, од своја страна имаше рејтинг на популарност, малку понизок од тој на сегашниот претседател, 22%, според овој барометар. Никола Саркози истовремено имаше дури  44% од испитаниците кои тогаш изјавија дека се “задоволни”.

Рејтингот на Емануел Макрон по неговиот избор во мај 2017 година беше 62%.

Премиерот Едуард Филип ја има истата судбина како шефот на државата.

Неговиот рејтинг се намалува за три отсто од ноември до декември и сега изнесува 31% на задволни, наспорти 34% во ноември, бројот на „незадоволните” се зголемува од 62 на 66%. По неговото назначување за шеф на владата, Едуард Филип имаше 55% на „задоволни” и неговиот рејтинг го достигна врвот во јуни 2017 година со 64% на ​„задоволни”.

Треба да знаете
Последни објави