Search

Пачино и Де Ниро имаат фантастичен однос, вели Скорсезе

„Ал Пачино и Роберт де Ниро имаат магичен однос“, оцени култниот режисер Мартин Скорсезе пред објавувањето на неговиот последен филм “The Irishman” („Ирецот“) на интернет, каде на сцена е легендарното актерско дуо.

„Тоа што се гледа на филмот е однос на актеите, како и нивното пријателство кое трае 40 или 45 години,“ рече Скорсезе, чиј многу очекуван филм за мафијата излеува онлајн на Нетфликс на 27 ноември.

Филмот говори за поранешен мафијашки убиец, кого го игра Роберт Де Ниро, а кој размислува за својот живот полн со насилства и односот кон исчезнатиот поранешен лидер на синдикатот, кго го игра Пачино.

Славното актерско дуо играше во филмот „Кум, втор дел“ од 1974 година како и во култниот „Врелина“ од 1995.

Треба да знаете
Последни објави