Search

Пацоли: Лавров греши, Србија е единствена опасност на Балканот

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли оцени дека шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров греши во врска со војската на Косово.

Тој нагласи дека Србија претставува единствена опасност за мирот на Балканот.

-Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров греши. Србија останува единствена закана за мирот на Балканот и единствен извор на нестабилност. Косово се обедини со миротворните народи. Никој не треба да се плаши од вооружените сили на Косово, тие му служат на мирот и имаат само одбранбена мисија, напиша Пацоли на Твитер.

Лавров изјави дека Косово останува главен извор на регионална нестабилност и предизвикува разни провокации.

Треба да знаете
Последни објави