Search

Пацоли: Имам сознанија дека Србија подмитува држави поради Косово

Косовскиот министер за надворешни работи тврди дека има сознанија оти Белград ветувал финансиска и помош во оружје во замена за повлекување на признавањето на косовската независност.

„Она што јас го дознав е дека некои помали и посиромашни држави ‘паѓаат’ на таквите ветувања“, рече Беџет Пацоли, пренесе приштинскиот „Бота сот“.

Пацоли ова го изјави по посетата во Белград на претседателот на државата Палау, Томи Ременгес, кој потврди дека неговата земја одлучила да ја суспендира одлуката за признавање на косовската независност до завршување на дијалогот.

„Б92“ пишува дека Палау е 13 земја од светот која го повлекла признавањето на Косово, со што бројот на земји кои го подрржуваат Косово е намален под 100.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави за белградски „Блиц“ дека ни Шерлок Холмс не би можел да утврди колку точно земји ја признале косовската независност

Треба да знаете
Последни објави