Search

Пациенти кои чекаат трансплантација го одбиле срцето на починатиот пациент

Срцето од 46-годишниот донор остана неискористено. Иако семејството дало согласнот, покрај бубрезите да биде експлантиран и овој витален орган, сепак, дури четворица пациенти кои се на листата за трансплантација за срце го одбиле органот. Како што дознава Сител, дел од нив наводно имале страв од самиот процес, а еден од пациентите не сакал трансплантацијата да биде направена на Државната кардиохирургија.

По првата трансплантација на срце кое го доби 54-годишниот Иван од Скопје на Државната кардиохирургија, лекарите од скопските клиники испишаа историја и упатија апел за подигнување на свеста кај граѓаните за донирање на органи. Но, има и вакви случаи кога пациенти и покрај тоа што се на листа одбиваат.

Треба да знаете
Последни објави