Search

Пау Гасол претрпе операција

Центарот на Милвоки Бакс, Пау Гасол претрпел операција поради фрактура на левата нога. Гасол ја доби повредата во март. Шпанецот ќе биде целосно опоравен пред подготовката на тимот за новата сезона.

Триесет и осум-годишниот Гасол премина во Милвоки во март откако го откупи преостанатиот дел од неговиот договор со Сан Антонио. Тој играше само три натпревари за Бакс и има просек од 1,3 поени и 3,3 скока. Оваа сезона Шпанецот има 3,9 поени и 4,6 скока по натпревар во вкупно 30 дуели.

Милвоки ја освои серијата против Бостон со 4:1 во победи во вториот круг на плеј-офот и го очекува победникот од натпреварот Торонто – Филаделфија во финалето на Источната конференција.

Треба да знаете
Последни објави