Search

Пауел: САД можеби веќе се во рецесија

Претседателот на американските Федерални резерви (ФеД), Џером Пауел изјави дека САД можеби веќе се во рецесија.

Тој наведе дека прво мора да се стави под контрола епидемијата со новиот коронавирус, а потоа да уследи рестартирање на екомонијата.

– Прва задача на властите е да го стават под контрола ширењето на вирисот, а потоа да продолжат со економските активности. Во оваа ситуација вирусот ги диктира приоритетите, посочи Паул во интервјуто за американската телевизија Ен-Би-Си.

„Њујорк тајмс” објави дека изјавата на Пауел е во спротивност со ставот на претседателот Доналд Трамп, кој навести дека сака голем број Американци да се вратат на работа по Велигден, што значи за помалку од три недели.

Трамп, исто така, оцени дека напорите за забавување на ширењето на Ковид-19 ги стопира активностите во голем дел од економијата, но оти тоа не смее да нанесе поголема штета од самата болест.

Треба да знаете
Последни објави