Search

„Пат на мелодијата” во Јапонија

Првиот автопат што свири во 1994 година во Данска го направија двајца уметници. Националниот центар за индустриски истражувања на јапонскиот остров Хокаидо го унапреди дизајнот и создаде т.н. „Пат на мелодијата”.
Притоа, тоновите се различни во зависност од брзината, а целта е да се допре до свеста на возачите да ја почитуваат брзината. Имено, ако возачот сака да ја чуе вистинската мелодија, ќе мора да вози како што е пропишано – до 50 километри на час.
Доколку брзината се зголеми, музиката се деформира, дисторзира и станува непријатна.
„Земјата на изгрејсонцето” на ист начин „оживеа” 33 делници ширум државата, но им даде пример и на други, па така, такви автопати сега има и во Калифорнија.

Треба да знаете
Последни објави