Search

Патот на Македонија во втората рунда од континенталните собири води преку Чешка

Македонската рекометна репрезентација на завршницата од 14. Европско првенство кое се одржува за првпат во три земји на стариот континент Австрија, Шведска и Норвешка и се игра за првпат со 24 селекции, имаше победнички старт. И покрај осцилациите во играта минимално, но заслужено совладана е Украина (26:25) во групата Б. Попладнево (16 ч.) во Виена на програмата е мечот од 2. коло против Чешка кој ќе треба да донесе расплет за „црвено-жолитите“ во групата или пак комплетен заплет кои две репрезентации од оваа група како првопласирани ќе патуваат во главната фаза. Македонија со победа си ги решава дилемите за вториот круг, со пораз ќе ја искомплицира ситуацијата пред дуелот од третото коло со домашната селекција на Австрија, која истотака има победнички старт, токму против Чешка(32:29). Затоа денешнит реивал на „црвено-жолтите“ Чешка нема правао на нов кикс. Со втор пораз ќе се збогува од настапите на ЕП по првата групна фаза. Македонија ако се доведе во непријатана ситуација да загуби ќе има и поправен против домашната Австрија во 3. коло, што ќе биде многу потежок пат да се стигне до втората фаза.
Со ваков набој и императиви двете селекции на Македонија и Чешка ја очекуваат новата 15. меѓусебна пресметка. Статистиката е на стараната на Чешка која има шест победи, Македонија петпати се радувала, а три средби завршиле без победник.
Македонија и Чешка по петтипат ќе се соочат на завршниците од Европсите првенства. Македонија го игра шестиот континентален собир и само еднаш на овие завршници немала дуел со Чешка и тоа на ЕП-2016 кое се одржа во Полска. Традиционално Чешка е ривалот преку кој Македонија мора да помине за да стигне во втората рунда од континеталните собири. Во Ниш на ЕП-2012 година со победа од 27:21 го заверивме настапот во втора фаза, а слично беше и во Хернинг кога на крајот беше 24:24. Пред две години во Вараждин загубивме минимално 24:25, а притоа не искористивме и седмерец за изедначување.
 Досегашни дуели на Македонија и Чешка
27.09.95 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 33:16 (Чеб)
30.09.95 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 27:27 (Ресен)
04.06.98 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 18:38 (Болцано)
18.01.06 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 36:31 (Скопје)
21.01.06 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 43:25 (Плзен)
19.01.12 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА  27:21  (Ниш)
14.01.14 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 24:24 (Хернинг)
02.11.14 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 27:27 (Злин)
14.06.15 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 32:28 (Скопје)
11.06.16 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 28:22 (Злин)
15.06.16 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 34:27 (Скопје)
05.11.16 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 35:28 (Плзен)
18.06.17 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 33:20 (Скопје)
23.01.18 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 24:25 (Вараждин)
Треба да знаете
Последни објави