Search

Патнички авион со 83 лица се урна во Авганистан

Патнички авион со повеќе од 80 лица се урна и се запали во Авганистан, во областа што ја контролираат Талибанците.

Авионoт на националната компанија „Аријана Авган ерлајнс“ се урнал во планинскиот предел Дех Јак во источната провинција Газни додека летал од Кабул кон Херат. Судбината на патниците сè уште не е позната.

Локалните медиуми објавија дека имало вкупно 83 лица во авионот. Полетал во 1:15 часот по локално време.

Треба да знаете
Последни објави