Search

Пастата за заби не значи подолг секс, не го мачкајте пенисот со тоа

Пастата за заби не значи подолг секс, не го мачкајте пенисот со тоа

Мажите сѐ почесто бараат нетрадиционални начини за подолг сексуален чин и избегнување предвремена ејакулација.

Последниот интернет-мит околу тоа, којшто потекна од Британците, вели дека ако мажот го мачка пенисот со паста за заби, ќе биде поиздржлив од партнерката.

Поради замавот на тој тренд, лекарите тврдат дека тоа не е научно докажано, а некои од нив пак, и целосно ги отфрлаат тие уверувања.

Се предупредува и дека хемискиот состав на пастата е исклучително опасен за здравјето на мажот, а втривањето на пенисот може да предизвика воспаленија и пликови на пенисот.

Поради физичкиот контакт, следствено, тоа е штетно и за жената и за нејзиното сексуално здравје.

Што се однесува до проблемот со предвремената ејакулација, лекарите советуваат тоа да се третира со веќе испитани средства. А, доколку и тоа не помогне, обратете се кон специјалист.

Треба да знаете
Последни објави