Search

Парче долна облека на Елвис Присли на продажба

Парче меморијалии на кралот на рокенролот Елвис Присли е на продажба, нешто типично за неговиот стил на облекување – суспензор со појас со вештачки дијаманти.

Суспензорот (заштитник за гениталии) го направил за Елвис еден фан, а подоцна завршил во колекцијата на Џими Велвет, пејач кој отвори музеј „Елвис“ во Мемфис.

 

Даниел Вејд, менаџер на „Пол Фрејзер колектиблс“, кој го нуди на продажба во Велика Британија за 30.000 фунти (52.300 УСД) тврди дека Елвис го носел неколку пати во 1970-тите, пренесува „Ројтерс“.

„Тоа е екстравагантно, апсурдно, ама е апсолутно Елвис“, рече тој,

Треба да знаете
Последни објави