Search

Партија на пензионери: Уставниот суд прифатил иницијатива за подржување на неправда со која директно и погубно се загрозува кревката демократија во земјата

Партијата на пензионери со неверување и зачуденост го следи постапувањето на  Уставниот суд во врска со прифаќањето на иницијативата за преоценување на член 11 од Законот за амнестија.

Партијата на пензионери смета дека Уставниот суд, со ваквата одлука, ризикува да создаде услови со кои ќе се урнисаат сите досегашни напори за правда и нулта толеранција на корупцијата и да промовира неправда, неказнивост и заштита на криминалот.

Апострофирајќи ги и почитувајќи ги правдата и демократијата, како врвни приоритети на нашето општество, Партијата на пензионери ја подржува иницијативата за Автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија од Собранието на РС Македонија, а ќе ги подржи и ќе се приклучи во другите идни демократски постапки со цел да се спречи можноста за ново „правно цунами на правдата и демократијата“ и уништувањето на надежите на правдољубивите и чесни граѓани на нашата земја.

Треба да знаете
Последни објави