Search

Партијата на Шарец против давањето широки овластувања на словенечката војска

Во Словенија се компликува процедурата за активирање на членот 37 од Законот за одбрана, со кој треба на војската да и се дадат и некои полициски овластувања, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Откако Владата на Јанез Јанша побара двотретинско мнозинство во Собранието за да може војската ефикасно да се вклучи во обезбедувањето на границите, партијата ЛМШ на поранешниот премиер Марјан Шарец кажа дека тие нама да гласаат „За”.

Од ЛМШ порачаа дека причина за ваквата одлука е постојаното менување на текстот на законот кој го правела Владата, а не биле земени во предвид и нивните предлози за подобрување на текстот на законот.

Со предлогот на Владата војската треба активно да се вклучи во обезбедувањето пред се на јужната граница каде што има зголемен притисок на мигранти.

Дополнително Министерството за одбрана на Словенија денес ги повика припадниците на резервниот армиски состав, кои се во можност повторно да се пријават за служба во армијата

Треба да знаете
Последни објави