Search

Партијата на Салвини се закани дека ќе ја собори италијанската влада

Италијанската партија Лига се заканува дека ќе ја собори владата поради корупцискиот скандал во кој е вмешан еден од нејзините високи претставници, изјави коалицискиот партнер на Лига, Движењето 5 ѕвезди, пренесува „Спутник“.

Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, Луиџи ди Мајо, напиша на Фејсбук дека неговата група го спречувала Сири да преземе контроверзни мерки во минатото и побара од Лига да се справи со ова прашање на одговорен начин.

„Дури и денес Лига се заканува дека ќе ја собори владата. Италија не е играчка, Италија сме ние и милиони семејства во потешкотии кои сакаат сигнал. Италија не е трофеј и сметам дека е сериозно што од Лига, секогаш кога се вознемирени, се закануваат дека ќе ја соборат владата”, пишува Ди Мајо на Фејсбук.

Италијанскиот заменик-министер за транспорт, Армандо Сири, претходно беше ставен под истрага за истрага за корупција, станувајќи најновото политичк јаболко на раздор во владејачката коалиција во Италија меѓу десничарската, антимигрантска Лига и популистичкото Движење 5 ѕвезди. Според медиумите, Сири, кој работи како потсекретар во Министерството за инфраструктура и транспорт, е осомничен за земање поткуп за промовирање политика која би им давала предност на бизнисите со обновлива енергија.

Движењето 5 ѕвезди повика Сири да се повлече од функцијата, но Салвини нагчласи дека неговата партија никогаш не побарала политичарите одкоалицискиот партнер да поднесат оставка поради истрагите.

На парламентрарните избори минатиот март, Лига освои 17 отсто од гласовите и беше во можност да формира коалициска влада со Движењето 5 ѕвезди, кое освои речиси 33 отсто од гласовите. Лидерот на Лига, Матео Салвини, подоцна стана вицепремиер и министер за внатрешни работи.

 

Треба да знаете
Последни објави