Search

Партијата за Движење на Турците одржа митинг во Кичево

Партијата за Движење на Турците (ТХП) под мотото „Сите заедно, насекаде“ продолжува со серијата средби низ целата земја.

Под водство на претседателот на партијата, Енес Ибрахим и раководството на ТХП, вчера во домот на култура во Кичево беше организирана средба со граѓани, која, како што информираат од партијата, поради огромниот интерес се претвотила во митинг.

На средбата се обратил претседателот на ТХП, Ибрахим кој направил краток осврт на реализираните проекти и воведените економски, социјални и земјоделски политики во изминативе години.

„Ибрахим во своето излагање потенцираше дека ТХП е конструктивна партија и нејзиното делување секогаш се темели врз демократски принципи, а владеењето на правото и еднаквоста се главните начела од кои нема откажување. Ибрахим истакна дека истрајноста, принципиелноста и работливоста се исплатеа со тоа што денес, нашата земја од заробена се претвори во земја членка на НАТО која успешно се движи кон европска иднина“, се наведува во партиското соопштение за собирот во Кичево.

Од партијата за Движење на Турците и во следниот период најавуваат интензивни средби со поддржувачите низ целата земја.

 

Треба да знаете
Последни објави