Search

Партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ не беше протест на лозарите, ние градиме партнерски однос со сите земјоделци

Протест на ВМРО-ДПМНЕ, не е протест на лозарите, затоа што таму беше целокупното раководство и на централно и на локално ниво на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа е точно, и таму не беа репрезентите коишто се партнер на министерството, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ за завчерашната блокада на патот Градско – Прилеп.

-Ние ги отворивме вратите во целиот овој претходен период за соработка, контакт и комуникација со сите субјекти и со сите здруженија коишто се претставници на сите категории на земјоделски производители и сите мерки и политики се креираат заедно со нив. На тој протест, ниту претседателот на Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, на тој партиски настан, не знаеше што е барањето на лозарите, ниту пак на тој протест беше испорачано некое барање на лозарите, заради тоа што се што било побарано, се што било потреба, се што било договорено е веќе реализирано и ова е прилика да повториме, дека наместо во претходните 11 години кога имавме целосно не редовна, селективна и по партиска линија по списоци исплата на субвенциите, денес во еден ден, на сите лозари беа исплатени субвенциите во јануари и февруари, тогаш кога се потребни, тогаш кога треба инвестиции пред самата реколта, не во јуни, август или септември и тоа со зголемени субвенции во сите развојни категории на лози. Се решија сите проблеми коишто ги тиштеа лозарите за што се носеше посебен лек специјалис, кои ги мачеше лозарите од Тиквешијата, тогаш кога откупувале грозје, а не го плаќале на лозарите, две години или веќе трета реколта нема ниту еден регистриран субјект во министерството којашто должи, благодарение на внимателната политика и законското работење. И дека ако некој должи на лозарите од претходната година неможе да откупува оваа година, така како што пишува во законот, благодарение на интервентните мерки имаме највисока откупна цена во последните 7 години, имаме раст на извозот за 5 милиони евра годишно, поголем девизен прилив токму од извозот на флаширано вино, ги исплативме штетите коишто ги тиштеа лозарите од претходно, се носеа интервентни мерки коишто се дизајнирани заедно со лозарите. Така и оваа година, така изјави и премиерот и министерот дека заеднички, партнерски е дизајнирана мерка -поддршка којашто ќе следи, така што на овој партиски протест ниту имаше барање, ниту се зборуваше за барање, да потсетам министерот беше таму да  увиди што е проблемот и немаше кои да го каже барањето или проблемот за што станува збор, а притоа претседателот на Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ поддржува барање кое не го ни знае. Заврши времето на злоупотреби и манипулации со лозарите и затоа денес треба да знаеме кој е тој што вистински се грижи за земјоделците, преку политики кои се носеа и што е планот да работиме понатак, рече Николовски.

Треба да знаете
Последни објави