Search

Партизан собра 22.000 дечиња на стадион за мечот со АЗ Алкмар

Партизан кој е казнет од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) да игра пред празни трибини,  или на нив да се најдат само дечиња до 14 години, успеја да го наполни стадионот со млади вљубеници во најважната споредна работа на светот и да ги восхити сите. Белградските „црно-бели“ на дуелот со АЗ Алкмар (2:2) во 1. коло од Лига Европа успеа да создаде фудбалска атмосфера на трибините токму со дечињата кои ги имаше од сите краеви на поранешна Југославија. Меѓу нив се најдоа и дечиња од Македонија, од фудбалската школа Академија Нацев од Велес.

Бројка од 22.000 дечиња на трибините ги изненади буквално сити. Во УЕФА се чудат и велат дека ова е досега невидено во историјата на фудбалот. При други вакви случаеви клубовите успевале да соберат максимум до 3.000 дечиња. Ова што се счучи во Белград е големо изненадување за сите.

Партизан беше казнет со два натпревари играње пред празни трибини за непристојното однесување на неговата публика на дуелот со Малатија, во 3. квалификациско коло во Лига Европа. Еден меч од казната одработија против Молде во плеј-офот, а сега АЗ Алкмар ја одработи казната.

Треба да знаете
Последни објави