Search

Партибреjкерси прославија „40 години рокенрол“

Легендарниот бенд Партибрејкерс прослави 40 години постоење, а по тој повод приредија рокенрол забава за паметење на Саемот во Белград, пишуваат српските медиуми.

Партибрејкерс ги отсвиреа своите големи хитови, а публиката уживаше во добрата музика и атмосфера, се наведува во написите.

„Да направиме заедно едно грејно тело. Одовде изгледа одлично“, изјави фронтменот на бендот на почетокот на концертот.

Овој бенд е основан во август 1982 година, а бендот го сочинуваа Зоран Костиќ-Цане, тапанарот Горан Булатовиќ-Манца, гитаристот Небојша Антонијевиќ-Антон и гитаристот Љубиша Костандиновиќ.

Првиот концерт го имаа на 4 октомври 1982 година во „Дадово“, како воведна група на „Педесеттите“, а публиката тогаш беше сведок на испишувањето на историјата. Она што започна на овој концерт, пред се благодарение на Цане и Антон, продолжува и денес со истата енергија и порака, за што вистински показател е синоќешниот настап, пишува во новинарските извештаи.

Треба да знаете
Последни објави