Search

Парондо: Заслужено победивме

Ракометарите на Вардар синоќа ја освоија петтата титула во СЕХА лигата откако во големото финале славеа над ППД Загреб со 26:23.

По натпреварот, Бранко Тамше од ППД Загреб порача дека вардарци имале повеќе среќа во финалето, па Роберто Гарсија Парондо, кој го освои првиот трофеј со Вардар, не пропушти да му возврати на својот колега.

„Беше тесно, но не сметам дека имавме среќа. Сметам дека заслужено победивме. Секогаш кога Загреб играше цврсто, ние игравме уште поцврсто“, изјави Парондо и се осврна на повредата на Дисингер:

„Не знам што да кажам за повредените играчи, но тоа со Дисингер не изгледа добро. Сепак, ќе почекаме за официјални информации“, изјави Парондо.

Треба да знаете
Последни објави