Search

Парли: Франција во 2021 година очекува одлука од Хрватска за воените авиони

Франција ја чека проценката на хрватската техничка комисија за француските борбени авиони Рафал и се надева дека ќе ја знае конечната одлука на хрватските власти во 2021 година за тоа со какви авиони ќе биде заменета воената воздушна флота, изјави денеска француската министерка за одбрана Флоренс Парли.

Таа денеска во Загреб се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со  министерот за одбрана Марио Баношиќ.

– Ние сме им на располагање на хрватските власти за евентуални дополнителни прашања и самоуверено го чекаме резултатот од одлуката на техничката комисија. Се надевам дека во 2021 година ќе можеме да ја знаеме конечната одлука на хрватските власти, истакна Парли.

Таа потсети дека Франција дала понуда за 12 користени борбени авиони Рафал, што, како што истакна, „се докажале во бројни операции”.

Министерот Баношиќ наведе дека по 12 декември, меѓусекторската комисија ќе даде предлог што ќе ги земе предвид финансискиот карактер на понудата, техничкиот карактер на понудата и надворешно-политичкиот контекст и „датумот на истекување” на актуелните авиони МиГ 21.

Тој додаде дека Владата може да донесе конечна одлука на почетокот на следната година.

Треба да знаете
Последни објави