Search

„Парле“ ги охрабрува Евреите да го бојкотираат „Твитер“ поради отстранувањето на Давидовата ѕвезда

Платформата за слободен говор на социјалните медиуми „Парле“ го охрабрува еврејскиот народ да го бојктира „Твитер“ откако гигантот од „Силиконската долина“ затвори некои сметки во јули поради објавување на Давидовата ѕвезда.

„Твитер“, наводно, затворил некои сметки откако корисниците објавиле слика на Давидовата ѕвезда, за која „Твитер“ тврди дека е прекршување на правилото со кое се забранува „слики на омраза“. „Твитер“ подоцна посочи дека сметките биле затворени по грешка и дека не ја смета Давидовата ѕвезда за „симбол или слика на омраза“.

„ Сакаме да разјасниме некои прашања во врска со „сликите на омраза“ на „Твитер“. Ние не ја сметаме Давидовата ѕвезда за „симбол или слика на омраза“. Веќе некое време гледаме дека симболот „жолта ѕвезда“ или „жолта значка“ го користат оние што сакаат да го таргетираат еврејскиот народ “, се вели во соопштението на „Твитер“.

„Парле“ сега ги охрабрува Евреите да се откажат од „Твитер“.

„ Напуштањето засекогаш на објавувачи со агенда, како „Твитер“, е најдоброто оружје што го имаме против нивната пристрасна цензура. Повторно им посакуваме топло добредојде на сите учесници во бојкотот на „Твекзит“ и ги повикуваме да го истражат „Парле“ “, рече технолошкиот инвеститор Џефри Верник, кој е стратешки партнер во „Парле“.

„Твитер“ се најде под жеток критички оган поради своето партизирано однесување. Гигантот за социјални медиуми неодамна ја блокираше сметката на „Брејтбарт њуз“ за објавување видео од прес-конференцијата на републиканецот Ралф Норман и лекарите од првите редови кои ги споделуваат своите ставови и мислења за коронавирусот.

„Твитер“ исто така го избриша лајв-стримот „Перископ“ на „Брејтбарт њуз од прес-конференцијата во Вашингтон минатиот месец. Платформата исто така избриша видеа од сметката на претседателот Доналд Трамп на само три месеци пред изборите.

Треба да знаете
Последни објави