Search

Парламентот на Перу отвори постапка за импичмент против претседателот Мартин Вискара

Перуанскиот Парламент вчера изгласа почеток на процедурата за импичмент против претседателот Мартин Вискара поради „морна некомпетентност”, јави ДПА.

За почетокот на процедурата за импичмент гласаа 65 пратеници, 36 беа протрив, а 24 воздражани, јави весникот „Ел Комерсио”

Вискара е обвинет дека побарал од неговите советници да лажат во паламентарна истрага, во случај  што се однесува на контроверзен договор со релативно непознат пејач, а чија вредност била 50.000 долари.

Постапката на пратениците Вискара ја оцени како „заговор прорив демократијата”, додава ДПА

Тој сега има на располагање 10 дена да поднесе жалба и да ја докаже неговата невиност

Вискара кон средината на јуни ги смени премиерот и неколку други министри откако се зголеми бројот на случаи со коронавирус во земјата и економската криза ја намалија неговата популарност.

Вискара во оваа криза побара оддржување претседателски и парламентарни избори во април 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави