Search

Парламентот во Берлин донесе нацрт-закон со кој се засилуваат овластувањата на Владата за справување со пандемијата

Двата дома на германскиот Парламент усвоија измени и дополнувања на законот за заштита од заразни болести, што предизвика протести во центарот на Берлин.

-Предлог-законот беше изгласан со 415 гласа „за”, 236 „против” и осум „воздржани’, изјави претседателот на Бундестагот (Долниот дом) Волфганг Шојбле.

Законските измени што ќе ја зајакнат способноста на Владата да наметнува ограничувања за време на пандемијата на коронавирусот, исто така беа одобрени од Бундесратот (Горниот дом). За да стапи на сила, нацрт-законот мора да биде потпишан од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

Критичарите на законодавниот предлог велат дека тој ги проширува овластувањата на Министерството за здравство, ги ограничува основните права и слободи и го крши Уставот.

Неколку илјади луѓе се собраа во Берлин во знак на протест против ограничувачките мерки против пандемијата. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите.

Треба да знаете
Последни објави