Search

Парламентарните избори во Германија ќе се одржат на 26 септември следната година

Германската Влада денеска донесе одлука парламентарните избори да се одржат на 26 септември следната година, изјави портпаролката на Владата Мартина Фиц.

Конечната одлука мора да ја донесе германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

За распишување на изборите за Бундестагот, законот предвидува само приближно време во кое треба да се одржи гласањето, а во тие рамки мора да се најде термин.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер пред да и предложи на Владата датум за избори се усогласи со покраините поради датумот на распуштање.

Така, следната есен повеќе од 60 милиони Германци ќе го избираат 60-от состав на Бундестагот.

Треба да знаете
Последни објави