Search

Парламенот не го прифати договорот за Брегзит на Меј, утре гласање за доверба на Владата

Договорот за Брегзит, предложен од премиерката Тереза Меј вечерва со 432 гласа „против“ и 202 „за“ беше одбиен од пратениците во Долниот дом на британскиот парламент.

Веднаш по гласањето премиерката Меј рече дека доколку опозицијата побара, нејзината Влада е подготвена уште утре да се расправа за довербата на нејзиниот Кабинет. Таа рече дека две години работела напорно да го испорача референдумското барање на Британците за излез од ЕУ.

Џереми Корбин, лидерот на опозицијата изјави дека ова е најголем пораз за британската влада од 1920 година. Ја обвини Тереза Меј дека се обидува да ги убеди луѓето од парламентарната говорница, иако народот и парламентарните партии се изјаснија против Договорот.

Тој го повтори својот план да не се затвора дијалогот со ЕУ и да се направат обиди да се издејствува трговска унија со блокот и слобода на движење на луѓето. Корбин рече дека владата ја изгубила довербата на народот и затоа поднесе барање за гласање на доверба за владата на Меј.

Парламентот веќе утре ќе гласа за тоа дали Меј останува британска премиерка.

Треба да знаете
Последни објави