Search

Паркирањето околу пристаништето во Охрид ќе се наплаќа 100 денари за час

Со одлука на Советот на Општината, Охрид доби премиум зона, во која паркирањето ќе чини 100 денари за еден час, пишува порталот СДК. Локалната власт со ова сака да го намали сообраќајниот метеж во строгиот центар, особено во летниот период. Новиот ценовник ќе се применува од идниот понеделник.

Охрид од денеска ослободи простор каде што автобусите ќе можат само да ги качуваат и симнуваат патниците. За таа цел ќе служи паркинг просторот пред универзитетот „Свети Апостол Павле”. Туристичките автобуси тука нема да можат да се паркираат, туку само зад спортската сала „Билјанини Извори”. Цената на паркингот за автобусите ќе изнесува 300 денари за 12 часови, односно 600 денари за 12-24 часови.

Треба да знаете
Последни објави