Search

Парите наместо кај граѓаните завршуваат кај Заев и врхушката на СДСМ

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ.

„Парите наместо кај граѓаните завршуваат кај Зоран Заев и врхушката на СДСМ.

Популистичките мерки како Мој ДДВ се само  уште еден начин и манипулација со кој СДСМ  преку превезот „ги враќаме парите кај граѓаните“ дополнително се богати.

Реалноста ни говори дека околу 5 милиони евра ќе завршат кај 2 милиони граѓани, а речиси 50 милиони евра ќе завршат кај Зоран Заев и функционерите околу него.

СДСМ во јули ветуваше дека до крај на годината ќе се вратат 50 милиони евра, а сега гледаме дека за три месеци вратени се само 2,6 милиони евра. Што значи дека до крајот на годината ќе се вратат само 5,2 милиони евра од предвидените 50 милиони евра.

Во чии  функционерски џебови ќе завршат преостанатите 44,8 милиони евра?

Каде ќе завршат и дополнителните 5 милиони евра кои се предвидени со ребалансот, а кои очигледно нема да завршат кај граѓаните?

Ова значи дека секој граѓанин ќе добие во просек по 2,5 евра до крај на годината, а Заев и неговата банда ќе си поделат 49,8 милиони евра.

Дополнително на ова власта ги зголеми даноците, ја зголеми акцизата на горивата и секојдневно им ги зголемува давачките на граѓаните, со што уште повеќе ги осиромашува.

Заради криминалната  СДСМ над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштијата, а долгот на државата вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП.

Заев и СДСМ покажаа дека единствено се грижат за себе и немаат намера да донесат подобар стандард за граѓаните и подобра економија за Република Македонија.

Затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за што побрзо оваа криминална власт си замине и започне обновата на Македонија“.

 

Треба да знаете
Последни објави