Search

Парис Хилтон е бремена

Парис Хилтон е бремена и заедно со нејзиниот свршеник Картер Реум го чекаат своето прво дете. Двојката уште лани изрази подготвеност да основа семејство.

Во јануари, Хилтон, која е на прагот на петтото десетлетие од животот, објави дека започнала со „ин-витро” процедура.

– Тој е човекот од моите соништа! Картер е 100 отсто вистинската личност!, изјави тогаш богатата наследничка за „Тренд репортер”. – Цело време зборуваме за свадби и ги планираме имињата на нашите деца, додаде таа.

Хилтон и 40-годишниот претприемач се свршија во февруари, откако беа една година во врска. Картер Реум ѝ предложи брак на приватен остров, со дијамантски прстен со смарагди, дизајниран од „Дан Досет”.

Засега нема официјална потврда за информацијата ниту од Хилтон ниту од Картер. Сепак, фотографиите споделени на социјалните мрежи ја откриваат тајната на наследничката на хотелите „Хилтон”.

Треба да знаете
Последни објави