Search

Парис Хилтон бара донор на сперма, сака да биде мајка

Парис Хилтон бара донор на сперма, сака да биде мајка

Богаташката Парис Хилтон (37) неодамна ја раскина свршувачката со актерот Крис Зилко (33), а потоа се сврте кон поважни работи во животот. Таа трипати беше свршена и ниту еднаш не се омажи. Затоа, Парис одлучи да најде донор на сперма за да се обиде во улога на мајка, пишува Metro.co.

Парис ѝ е љубоморна на Ники (35), пишуваат странските медиуми, бидејќи таа и нејзиниот сопруг имаат две деца. Оттука, богатата наследничка на хотелите „Хилтон“ се јавила во агенција и е подготвена да го награди човекот што ќе се согласи со сите нејзини услови.

Парис бара донор што изгледа исклучително добро, има висок коефициент на интелигенција и добро семејство.

„Постои проблем – донорите не се милионери бидејќи на богатите не им е потребно да продаваат сперма“, вели нејзиниот пријател за Metro.co.

Сепак, Парис нема толку лесно да се откаже од своите соништа и ги прегледува листите на донори од целиот свет.

„Таа чувствува дека самохрана мајка оди добро со нејзиниот имиџ на бизнисменка, која може да стори сè и не ѝ е потребен маж за да успее“, додава пријателот.

Минатиот месец Парис и Крис се разделија, а потоа тој ја замоли да му го врати прстенот вреден 2 милиона долари. Тогаш моделот рече дека сè се случува со причина.

Треба да знаете
Последни објави