Search

Парискиот јавен обвинител изјави дека пожарот во катедралата Нотр Дам е несреќен случај

Пожарот во катедралата Нотр Дам веројатно е несреќен случај и нема индикации дека е намерно предизвикан, изјави денес јавниот обвинител на Париз, Реми Хеиц.

„Ние ја поддржуваме теоријата дека станува збор за несреќен случај”, изјави Хеиц за новинарите и додаде дека 50 луѓе работат на „долга” и „комплексна” истрага за тоа што го предизвика пожарот во понеделникот, според „Ројтерс“.

Тој рече дека ќе бидат испитани работниците од пет компании кои беа изнајмени за да работат на реновирање на покривот на катедралата, кој беше поправен пред огнот, каде што пламенот прво се појави.

Пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз избувна во понеделник во 18:50 часот, кога катедралата беше затворена за јавноста.

Во гасењето на пожарот учествуваа 400 пожарникари.

По 9-часовна борба, француските пожарникари успеаја да го стават огнот под контрола, кој беше изгасен неколку часа подоцна.

Треба да знаете
Последни објави